Петар Печков
Објавено: сабота, 17 април 2010
Ова е дел од просторот во локалната власт каде низ фотографии се поставени сите претседатели и градоначалници на Велес за изминатите 60 години. На овој мал час по историја недостига една личност, градоначалникот Ордан Николовски кој таа функција ја вршеше во периодот од 1995-99 година.
Кога градоначалник беше Коцевски, општинските служби побарале фотографија но Николовски со образложение се додека Коцевски е градоначалник нема да сака да биде поставен, не дал слика. Со новата власт, од страна на градоначалникот Петров било побарано повторно Николовски да достави фотографија за да биде комплетирано таблото, но одговор нема.
Петров вели дека понудата е отворена и штом Николовски ќе достави слика, таа ќе биде поставена заедно со сите кои ја вршела таа функција, прв човек на Велес од 1950 до сега.
Tweet |